Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири сака неговата партија без ДУИ да формира Влада. Тој вечерва е гостин во „Телма“ телевизија каде што не штеди зборови против коалициониот партнер во Владата.

ДУИ нема право да говори со кого СДСМ треба да коалицира, бидејќи СДСМ ја има истуркано целата кампања на ДУИ за локалните избори, истакна Зекири на денешното гостување во емисијата „Вин-Вин“.

Тој рече дека тие што ги обвинуваат денеска дека коалицијата со Беса била на штета на Албанците, мислејќи на ДУИ и на Бујар Османи, забораваат на чија штета беше коалицијата со СДСМ за време на локалните избори.

На чија штета беше коалицијата на претседателските избори? Значи признаваат дека работеле против Албанците штом дошле со СДСМ? Што сака да каже Бујар Османи? Мисли дека луѓето забораваат? Во однос на коалицијата за време на локалните избори, сите знаат и во партијата дека јас бев против таквата коалиција – рече Зекири.

Зекири додаде дека СДСМ ја има истуркано целата кампања на ДУИ во 2017 година, за локалните избори.

Сега излегува дека СДСМ се одолжило на ДУИ за 2016 година кога требаше да биде дел од владината коалиција. И се направил тој компромис за да се помогне на ДУИ, иако јас пак сметам дека беше на голема штета на СДСМ таа помош што им ја дадовме тогаш. Сега тие излегуваат да кажуваат дека друга албанска партија нема право да дојде во коалиција со СДСМ, предизборно. Што мисли Бујар? Апсолутно се погрешни нивните ставови – истакна Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.