Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вчера побрзаа да го прослават успехот на ракометарите, иако и двајцата вешто го избегнаа зборот Македонија или македонски.

Но, не така неодамна, поточно само два месеци по првата титула на Вардар во Лигата на шампионите, тогаш потпретседателот на СДСМ се радуваше на евентуалниот распад на клубот, откако Сергеј Самсоненко би заминал.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев во тој момент само 7 дена беше потпретседател на партијата.

Тој е и еден од ретките што вчера не се огласи со честитка по фантастичниот резултат во Келн.

Извор: Експрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.