Се најдоа двајца предавници, па со еден потпис спротивен на референдумот, го продадоа мачно спечаленото достоинство на Македонија и вековното наследство на македонскиот народ, посочи пратеникот Антонио Милошоски, потсетувајќи на годишнината од хашката пресуда во корист на Македонија случајот со Грција.

Денеска, 5 декември, е осма годишнина од правната и историска победа на Македонија во случајот со Грција, пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Едногласно сите судии, и тој од Словачка, од Британија, Франција, Мароко, Бразил, Нов Зеланд, судијата од Германија, судијката од Кина и др.., само еден судија беше против, грчкиот!.., и после се најдоа двајца предавници, едниот лаком за грст сребреници и ослободителна пресуда за поткуп, другиот желен за стипендија и 3-4 годишна функција (плус слатко го лажеа дека ќе го правеле претседател), па со еден потпис спротивен на референдумот, го продадоа мачно спечаленото достоинство на Македонија и вековното наследство на македонскиот народ!, напиша Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.