Новинарот Ларис Гајсер, од италијанскиот весник „Ла Верита“, кој почна да ги објавува снимките за случајот „Рекет“, во изјава за агенцијата „Танјуг“ вели дека поседува уште материјали за оваа афера. Нови детали, вели, ќе објави само ако македонските истражни органи не си ја завршат работата.

Гајсер додал дека материјалите кои ја докажуваат аферата ги објавил дури откако добил потврда дека ги поседува и македонското обвинителство и оти постои сомнеж дека ги уништува.

Бев против објавување на овие информации, со кои располагавме, сѐ додека не се уверив дека истите материјали ги поседува и правосудниот систем во Македонија. Тогаш, во Ла Верита одлучивме да ги објавиме за да покажеме дека правниот систем таму ништо не работи и оти веројатно брише докази, изјавил Гајсер, кој учествува на стратешкиот форум на Блед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.