Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, на која треба да се одлучува кој ќе биде државен ревизор, е одложена за во 14 часот.

Претседателот на Комисијата, Илија Димовски рече дека седницата се одложува на барање на дел од пратениците.

Собраниски извори потврдуваат дека е постигнат договор за државен ревизор, но официјално неговото име не се соопштува.

Државниот завод за ревизија речиси две години е без главен ревизор, а мандатот на заменикот истече на 5 октомври.

За другите кадровски прашања кои треба да поминат во Комисијата, пред да бидат ставени на дневен ред на собраниска седница, како што посочуваат пратеници, засега нема договор.

Се работи за директорското место во Дирекција за заштита на лични податоци, испразнетите места во комисиите за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата за антидискриминација, АВМУ и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.