Започна постапката за кандидирање за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, информираат од партијата.

Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори,​ меѓу кои што стои дека​ кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата, велат од СДСМ.

За таа цел, партијата прави отворен повик за самокандидирање на кандидат за претседател на СДСМ.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Постапката за кандидарање започнува денеска и ќе трае седум дена, а изборите ќе се одржат на 12 декември. Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места.

Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА заклучно со 03.12.2021 или втората опција преку општинските организации на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.