Поранешниот потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ Кире Михаилов открива зошто поранешниот министер за здравство Никола Тодоров му е слуга на Заев. Во статс на Фејсбук Михаилов прашува зошто на министерот за смрт, како што го нарекоа СДСМ и Шарените, не му пречи „бегството, лоповлукот и срамот на коалицијата Мијалков-Заев“ а му пречи Мицкоски.

Читам пак нешто кинел зелени министерот за смрт, Никола Тодоров. Не треба да се лути за надимаков зошто му го измислија тие на кои сега им слугува. Штом не му смета да го брани Заев, претпоставувам не му смета да го викаат и министер смрт.
Туку да го прашам зошто на министерот смрт му смета Мицкоски, а не му смета и ништо не напишал за Заев за кого во одредени блиски кругови кажува дека бил брилијантен политичар. Ништо не кажува за бегството, лоповлукот и срамот на коалицијата Мијалков-Заев. За тоа што Заев ни го промени името, не обезличи и редица други удари врз идентитетот за кои Тодоров по неговите другарчиња со кои под рака шета низ улиците по Карпош вели дека биле добри чекори.
Старите знаете како велат, уценет човек – жив ѓавол. Го стегнаа за набавки и војводава ТодороФ клекна на колена пред Заев. Па така ли ќе го водиш ВМРО?!?
Како бре министре смрт станавте главен стратег на Заев преку ноќ и плукате колумни полни отров кон ВМРО и Мицкоски?
Јас ќе ви кажам, Мицкоски е огледало во кое се гледа вашиот срам, се што тој е, Вие ниту сте, ниту може да бидете. Не може да пишуваш за состојбите во ВМРО од скутот на Заев. Очигледно и те унапредиле, не си веќе само стратег во позадина кај Заев туку реши да продолжиш онаму каде застана Мијалков.
Епа со здравје, но само да уште ова да кажам, последниот пат кога во ВМРО беше стратег, Груевски го болеше глава. Сега на ред е Заев.

Читам пак нешто кинел зелени министерот за смрт, Никола Тодоров. Не треба да се лути за надимаков зошто му го измислија…

Posted by Кире Михаилов on Wednesday, 3 March 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.