Денеска истекува рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација.

Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и штитениците во старските домови гласаат еден ден пред вториот круг на изборите, односно на 30 октомври.

Во вториот круг од локалните избори ќе се гласа во следните општини и Град Скопје:

Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениово, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.