Грчкиот премиер, Алексис Ципрас на 2 април ќе ја посети земјава, пишуваат грчките медиуми. Според најавите, тој ќе ја предводи делегацијата составена од неколку членови на неговиот кабинет и претставници на бизнис заедницата во Грција.

Целта на посетата е да се потврди унапредување на соработката меѓу двете земји, како и јакнење на eкономската соработка.

Посетата, Ципрас ја најави уште кон почетокот на месецов, кога изјави дека ќе биде првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.