Портпаролката на СДСМ Богдака Кузеска преку „Фејсбук“ ја информираше јавноста дека вечерва доби позитивен резултат на тестот за ковид-19.

Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг.
Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.
Чувајте се!, порача Кузеска.

Кузеска го водеше 25. Конгрес на СДСМ кој се одржа пред два дена, по што беше објавено дека позитивен на ковид-19 е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.