Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски обвинет во ТНТ, со вонредно соопштение ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден судијката-поротничка Лидија Ивановска-Кочкоска, на која ѝ истече мандатот на 24 декември, поднела неотповиклива оставка од позицијата судија поротник поради истек на мандатот и во оставката го информирала претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев дека повеќе не сака да присуствува на кое било рочиште.

Според информациите на адвокатот и покрај тоа што поранешната судија-поротник Лидија Ивановска-Кочкоска оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на претседателот на судот истата не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани особено за предметот ТНТ.

Итно го повикувам  Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да постапат по оваа информација и на целокупната македонска јавност и ја соопштат вистината околу случувањата во Основниот Кривичен суд поврзани со овој настан. Ја користам оваа прилика  и ја охрабрувам поранешната судија – поротник Лидија Ивановска Кочковска која со поднесување на неотповикливата оставка испрати моќна порака,да продолжи да работи по законите во Македонија, да го почитува и применува владеењето на правото, да не потпаѓа под никакви притисоци закани уцени,ветувања, пишува во писмото Страшевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.