Поротничката Лилјана Ивановска Кочковска вчера попладне си дала оставка и го известила судот дека сака да се повлече во екот на јавните преписки во судскиот процес „ТНТ“.

Наводно поротничката ја поднела оставката е поради притисоци и закани за нејзиното пензионирање. Од Кривичниот суд тврдат дека ѝ понудиле заштита и потоа ја премислиле да ја повлече оставката. Не е прецизирано за каква заштита се работи и дали случајот е процесуиран до МВР.

Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет. Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет, велат од Кривичниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.