Специјалниот советник за медиуми на премиерот во заминување Марјан Забрчанец спасува жива глава, па од Кабинетот на премиерот преминува во Генералниот секретаријат на позицијата национален кординатор за стратегиски комуникации, дознава „Република“.

Според наши извори, Заев се одлучил на ваков чекор поради сè поизвесниот пораз, што ќе значи крај и на кариерите на главните ПР-стратези на премиерот во заминување. Затоа и наместо да лета во облаци и да се залажува со изборна победа, премиерот во заминување сега е насочен и единствено се обидува додека може да зачисти и да ги вдоми своите луѓе пред да замине од „Илиндеска“ 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.