Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов во интервју за „24 часа“ говорел за актуелните прашања меѓу двете земји како и за договорт кој го потпишаа Македонија и Бугарија.

Се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма, вели Прванов.

Тој смета дека дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со општата историја, „како тоа што го направија Грците“ и оти тој проблем е префрлен врз една комисија која нема мандат за такво нешто.

За мене клучот на решението е да држиме до тоа дека Илинденското Преображенско востание е бугарско по својот карактер, затоа што населнието има бугарско сознание, зашто такви се целите на внатрешната револуционерна организација…Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер, вели Прванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.