Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер викенов бил во посета на Вселенската Патријаршија и имал средби во Патријархот Вартоломеј, објави Патријаршијата во Фанар.

Заедно со Рикер бил и американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд.

Во споопштението на Вселенската патријаршија нема детали за што точно разговарале Рикер и Вартоломеј, но посочуваат дека имале долга дискусија на разни теми од заеднички интерес.

Средбата била во Саботата на 3 октомври, а во неделата на 4 октомври.

Инкау, Филип Рикер е поранешен американски амбасадор во Македонија и еден од големите поддржувачи на Македонија и нејзин голем пријател. Во тој контекст и познавачите на црковните состојби коментираат дека една од темите на кои сигурно разговарал со Вартоломеј е и македонското црквно прашање, кое во своја надлежност за решавање го презеде Вселенската Патријаршија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.