Поранешната пратеничка и заменик министерка за надворешни работи од редовите на Алијансата за Албанците, Арта Точи преку објава на Фејсбук извести дека се повлекува од сите позиции во Алијансата за Албанците.

Како што пишува порталот „ТетоваСот“, нејзината оставка следи по игнорирањето на жените во партијата и според неа, поради заобиколувањето на Тетово од Зиадин Села.

Како што дознава „ТетоваСот“ од свои извори, Арта Точи се очекува да се приклучи на Движењето Беса за да ја продолжи својата политичка активност во партијата на Касами.

Исто така, порталот пишува дека таа има многу добри односи со тие кои ја напуштија Алијансата пред околу еден месец месец и денес се дел од Беса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.