Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека поради внуци и снаи на Катица Јанева, професиналниот кадар не може да работи во СЈО.

„Денеска ако си снаа или внук на Катица Јанева ќе можеш да добиеш работно место во СЈО, а не ако имаш професинална биографија. Не прифаќаме овие луѓе да бидат префрлени во новото обвинителство. Граѓаните нема да можат да аплицираат за работа, поради овие ќерки, внуци“, вели Мицкоски.

Мицковски вели дека неговата партија нема да се согласи финансиска независност да има само новото обвинителство кое треба да се формира, туку за сите.

„Доколку обвинител под политичко влијание покрене обвинине и низ судски процес се утврди дека тоа обвинение не е изджано, штетата да се надомести од буџетот на Обвинителството, а не од џебот на граѓаните“, додава Мицкоски.

Лидерот вели дека нема компромис со криминалот и корупцијата, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се сложи со предлог-законот бидејќи тој ќе служи за пресметка со политички неистомисленици и заштита на СДСМ кога тие ќе заминат од власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.