Поради посетата на американскиот Државен секретар Мајк Помпео во Охрид има зголемени мерки на безбедност. Безбедноста во градот крената на највисоко ниво и низ градот е забележливо присуство на униформирани и неуниформирани полициски и службеници од државните безбедносни агенции. Околу аеродромот Св. Апостол Павле исто така има зголемено присуство на полицијата.

Во согласност со препораките од Министерството за надворешни работи, отстранети се сите контејнери на трасата каде што ќе минува високата американска државна делегација и се одржува висок степен на хигиена во градот со дежурни екипи што постојано се на терен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.