Поради тоа што нема слободни термини за закажување тест за Ковид-19 преку матичните лекари, граѓаните коишто имаат симптоми на корона вирус мора да го платат тестирањето на приватно. Сепак, на телефоните на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), на коишто може да се закаже приватно тестирање, кое чини 1.850 денари, никој не се јавува.

ЦЈЗ за јавноста има објавено два телефонски бреви на кои граѓаните може да закажат приватно тестирање, тие телефони не работат поради поплава што настанала во просториите на Центарот.

Директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов за „А1он“ вели дека во последниве неколку дена невозможно е да се закаже тестирање телефонски, поради тоа што пукнале цевки од парното и настанала поплава. Стојанов појаснува дека дефектот е саниран, но мора се добро да се исуши пред телефоните повторно да се стават во функција

Во такава состојба, граѓаните се принудени да прават тестирање во приватните клиники каде што тестовите се многу поскапо.

Од денеска, „Систина“ ги намали ПЦР тестирањата од 3.950 денари на 2.700 денари. Цената од 3.950 денари за ПЦР тест се уште важи во лабораториите „Биотек“ и „Синлаб“, како и во болницата „Жан Митрев“, додека во „Авицена“ тестирањето е 3.000 денари.

Ваквите цени за многу граѓани се сума што тешко може да си ја дозволат, особено поради тоа што вообичаено се тестираат по неколку членови на семејството, но немаат друг начин за да проверат дали се заразени со корона вирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.