Во СЦ „Борис Трајковски“ утринава се имунизираа припадниците на АРМ, МВР, вработените во судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, како и медиумските работници со руската вакцина против Ковид-19 „Спутник“ .

Припадник на МВР колабирал по вакцинирањето. Од Итна помош за „Телма“ изјавиле дека станува збор за паника и исцрпеност кај полицаецот.

Министерот за здравство Венко Филипче пак, информираше дека во текот на вчерашниот ден двајца граѓани колабирале, но нивната состојба не се доведува во врска со вакцините.

Во салата „Борис Трајковски“ се вакцинирани по околу 300 граѓани на час. Двајца граѓани имале колапс, кој не е поврзан со вакцинирањето – изјави Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.