Во изминатите 24 часа, поради компликации од корона вирусот, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало еден прием. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во ковид-центрите на Интерните клиники се лекуваат 35 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациенти.

Вкупно 169 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.