Дефект на турбина за озонирање на водата во Филтер станица е причина што околу 70 проценти од домаќинствата во Штип немаат вода за пиење.

Директорот на ЈП „Исар”-Штип, Живко Тасев за МИА вели дека морала да се запре водата од Филтер станицата, за да екипите ја монтираат резервната турбина за озонирање на водата.

Турбината за озонирање, која се расипа веднаш ќе се испита дали може да се поправи, доколку не, во тој случај ќе мора да се набави нова, која чини околу 1.200.000 денари – информира Тасев.

Тој истакна дека водата за пиење до домаќинствата ќе пристигне во текот на ноќните часови, проблеми со водоснабдувањето немаат оние делови на градот, каде што имаат резевоари со вода, а оние кои се директно преку линија приклучени со Филтер станица вода за пиење немаат од претпладневните часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.