Проблемите во Македонија влијаат многу на нас, велат српските експерти, кои будно ја следат ситуацијата во нашата земја со случајот „Рекет“ и вмешаноста на видни јавни личности и политичари.

Во емисија за телевизијата „Хепи“, водителката открива дека, како што пренесуваат српските медиуми, дел од парите од рекетот кој го правел Боки 13, поточно 400 илјади евра завршиле во Србија за организирање на протестите на опозицијата.

Гостинот, политички аналитичар, вели дека ништо од тоа не би го изненадило, додавајќи дека на сегашната македонска влада, посебно на Зоран Заев, нестабилноста во Србија му оди во прилог поради блискоста со албанскиот блок.

Јас би сакал до крај да добиеме една целосна и прецизна информација, кој, кога, кому ги предал тие пари. Политиката е полна со валкани пари. Постои политички интерес од страна на Владата во Македонија овде во Србија да се поттикнува политичка нестабилност, посебно затоа што на таа влада суштински влијаат Албанците од Македонија, а како што знаете Зоран Заев дури ни декларативно не е некој голем пријател на Србија и српскиот народ. Ако зборуваме само за валканите пари, тие не се изненадување во нашата политика, посебно не кога станува збор за опозицијата, вели аналитичарот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.