Поранешниот министер за финансии од владите на СДСМ Никола Поповски ги предупреди државниот врв дека наивно им верува на Франција и Германија кога и по недобивањето датум за преговори велат дека не поддржуваат на патот кон Европа. Поповски конкретно им се обраќа на претседателот Пендаровски и на министерот за надворешни работи Никола Димитров за нивните средби со Макрон и Мас.

Стево, Емануел Ве лаже кога Ви кажува дека не мисли на нас дека не ни е место во ЕУ. Тој токму тоа го мисли и го кажа неколку пати во влијателни медиуми што уште може да се прочита и го покажа недвосмислено кога требаше.

Никола, Хајко Мас не е искрен кога ти кажува ,,дека може да се потпрете на Германија“. Ако помните, вие се потпревте на Германија кога А. Меркел сред Скопје ви вети пристапни преговори доколку го прифатите и спроведете Преспанскиот договор. Но, не испорача, а доколку не може да испорача не требаше ниту да ветува. Барем не Германија и не Меркел.

Полека малку …многу наивно и великодушно разговарате и преговарате со докажано неискрени и препредени ликови и земји, е пораката што ја упати преку социјалните мрежи до државниот врв поранешниот министер за финансии Никола Поповски, професор на ФОН Универзитет и главен извршен директор на Развојна банка на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.