Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на денешниот протест пред министерството за здравство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, истакна дека Македонија веќе го помина италијанското сценарио во смртност на граѓани на популација од 1 милион жители, додека министерот за здравство се вози со мотори и хеликоптери.

4150 мртви е бројка која покажува највисока смртност во свет. За жал веќе се повеќе млади починуваат од Ковид 19. Најмладиот починат имаше само 19 години, пред тоа 22, пред тоа 24, пред тоа 29. Веќе пандемијата не е опасна само за возрасните лица и ризичните групи на граѓани. Нефункционалноста на здравствениот систем, коруптивноста, незаинтересираноста и непосветеноста на властите, не донесе до ниво да секојдневно ни умираат педесетина луѓе, изјави Попов.

Тој вели дека огромна тага и празнина е во душата, што младите наместо да се собираат по конференции, натпревари, борби за знаење, времето го трошат протестирајќи против погрешните политики на власта.

Но нема како и нема поинаку. Ние ќе го правиме ова, за генерациите после нас да не мораат, да го прават. Тажна држава, тажен народ. Луксузот на Филипче и Заев да се возат со хеликоптер е поважен од животот на еден човек, кој Љупчо путерот го нарече само овчар и ништо повеќе. Жално, тажно и срамно. И го слушам вчера Венко Филипче на телевизија, лут и ироничен кон Унијата на млади сили, вели во Британија се цртале црвени графити срциња во знак на почит на починатите од корона, а тука цртале црни и сме ја користеле ситуацијата за политички поени ситуацијата, рече Попов.

Тој во име на младите од ВМРО-ДПМНЕ на Филипче му порача дека Велика Британија од близу 60 милиони популација, има вакцинирано над 30 милиони народ затоа што државата прави се што може за своите граѓани.

Тука, наместо да вакцинирате народ, се возите со хеликоптери и мотори, додека одите по луксузни одмори како власт, додека шверцувате дроги и делите идентитети и пасоши на нарко босови, луѓе овде секојдневно умираат. Затоа што се оставени сами на себе, потенцираше Попов.

Попов се осврна и на младите за кои власта велеше дека ќе ги врати, но наместо тоа дели пасоши на нарко босови.

Така надокнадивте?. Затоа вие министре треба да се засрамите, нормално ако воопшто имате срам. Да имавте срам немаше да го правите сето ова и најмалку што ќе направевте е ќе се извиневте и ќе поднесевте оставка, нагласи Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.