Денеска нема да ви се обратам како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ниту како член на оваа политичка партија туку ќе ви се обратам како млад човек кој сака својата иднина и иднината на своите деца да ја гради овде во Република Македонија, порача Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа, додава Попов, оваа перцепција за градење иднина на младите луѓе во Република Македонија не ја делат поголемиот број од младите луѓе.

Јас имам само 24 години, а веќе поголемиот дел од моите другари и познаници ја напуштат земјава. Последниот ја напушти пред само неколку месеци и не ми рече догледање, туку ми рече збогум. Ете толкав беше неговиот револт кон суровата реалност во која живееме. Но, тој не е гневен на Македонија, си ја сака земјата како сите ние овдека присутни. Тој е гневен на системот и државата кои мислат дека можат да управуваат со нашите животи, рече Попов.

Според претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ гневот кој постои кај младите во земјава го предизвикуваат: неправдата, двојните стандарди кои направија државата за едни да биде мајка, а за други маќеа.

Одредени дискотеки може да работат, други не смеат ни да помислат да го направат тоа. Некои луѓе одлежуваат затворски казни, за украдена тегла ајвар, а претставници на власта фатени со пакетчиња кокаин слободно се шетаат и уживаат статус на ѕвезди. Тие купуваат службени возила во вредност од осум милиони евра, а ние граѓаните треба да плаќаме поскапа струја, посочи Попов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.