Денес ние младите заедно со останатите граѓани сме собрани тука да им дадеме поддршка и да побараме слобода за уставобранителите, затоа што тоа е вистинското име како треба да ги нарекуваме, а не онака како што некои други од власта се обидуваат да им наметнат некој назив.
Тоа не се терористи, тоа се патриоти кои се бореа за зачувување на уставниот поредок на Република Македонија, истакна Сергеј Попов на протестот пред затворот во Штип.

Ние младите имаме неколку пораки кои сакаме да ги упатиме до Зоран Заев.
Притворените патриоти за нас претставуваат модерни Гоце Делчев, Јане Сандански и модерни револуционери. Тие на нас младите ни оставиле аманет кој сите ние треба да го чуваме. Тоа е да си ја сакаме Република Македонија и да ги штитиме националните интереси на нашата единствена татковина.
Ние не се согласуваме со тоа по улици да шетаат криминалците, а затворите да бидат полни со патриоти кои не направиле ништо друго освен патриотски чин.
Нема да отстапиме, денеска ја започнуваме Македонската пролет. Не планираме да останеме, дома туку да останеме на улица се до конечен пад на оваа влада и за нас младите неважечка власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.