Во последно време зачестуваат инцидентите на церемонијата на положување на светиот крст на Водици, па свечениот настан кој го симболизира покрстувањето во осветените води, наместо достоинствено, завршува хулигански – често со тепачки, крадење на крстот.

Оние кои се сметаат за верници честопати скокаат по крстовите пред да бидат положени во водите, па свештениците изигруваат редари, ги караат и ги воспитуваат верниците.

Една таква ситуација имавме вчера во Валандово, каде што крстот се положуваше трипати.

Културата си ја покажувате на овој начин. Срам сте, срам! Џабе сте се собрале тука багра народ, што е работава со вас? Култура имате вие? Спрема црквата, спрема крстот? Што имате вие? Ништо немате, бе! Срам да ви е, рече попот пред третото положување на крстот во Валандово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.