„Бугарија сега е во врвот на својот јужнобалкански адреналински занес. Првпат во  историјата на својата независност, која патем ја доби како резултат на руската воена интервенција на тој дел од Балканот во 19 век, Бугарија собра сили да не направи капитално промашување во изборот на своите стратешки партнери и цели, односно таа конечно успеа да се приклони кон сојузништво со НАТО, а потоа и со ЕУ.

Но навиките изгледа не ги менува“, пишува поранешниот министер и пратеник на СДСМ, Никола Попоски во колумна насловена „Новиот бугарски суверенитет“ за „Независен“.

Но, пишува Поповски “Бугарија … не знае да се носи со својата нова сувереност и улогата што ѝ е дадена со членството во НАТО и ЕУ. Таа смета дека сега е времето да се обиде да ги лекува своите рани и фрустрации од минатото, користејќи го можното право на вето, закани и уцени во наведените организации кон Македонија (идентично со однесувањето на Грција), евентуално надевајќи се дека истото, ако успее, ќе може да го прави и кон Србија, Албанија или  Косово во иднина. Мотив за тоа – штитење на својата наводна историја и иднина, според која Бугарија има национални интереси во цела Македонија, во јужна и источна Србија и во источниот дел од Албанија.

Секако, од страв не зборува дали таа има интереси и во областа на Егејска Македонија каде што според нивното сфаќање би требало да живеат Бугари… Тоа личи на бугарската позиција од времето пред и по двете светски војни и времето на нивното живеење во советската ера. Биди милослив кон малку посилниот и биди агресивен кон малку послабиот.

Таквата позиција на Бугарија денес е блиску до нејзината неспособност да се носи со својата новопроизлезена суверена моќ што ја доби во рамките на НАТО и особено во рамките на ЕУ. Покажуваат сила и ароганција, заборавајќи дека само во текот на 20 век тоа два-три пати им се удри од глава“, пишува Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.