За денеска попладне претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет и состанок со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Во текот на денот тие ќе бидат во постојано заседавање каде што ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

Од ВМРО ДПМНЕ брифираат дека се вршат жестоки притисоци од власта и Зоран Заев за обезбедување на мнозинство за гласање на уставните измени, се гази демократијата и Заев, по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните тргнал кон промена на името.

Заев е уплашен човек. Всушност, операцијата за промена на името станува операција за спас на неговата кариера. Националното обезличување станува негов врвен приоритет, коментираат нашите извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.