Владата попладнево, во 16:30 часот, ќе одржи седница. Се очекува на седницата да бидат разгледани евентуални доплнителни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција денеска нагласи дека врз основа на разговори со членови на Комисијата за заразни болести ќе предложат до Владата целосно да се затворат моловите под претпоставка дека тоа се места каде има голем ризик од ширење на инфекцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.