Адвокатот Еленко Миланов денеска посочи два битни моменти од комуникацијата помеѓу Трајко Вељановски и Никола Груевски на 27 април 2017 година. Првата порака е всушност препратена порака од Шефот на кабинетот на Вељановски, во кој таа го информира дека Заев во прес-салата одржал конференција во која тој вели дека ако треба тие ќе изберат претседстел тука, на Правен факултет…

Но она што треба да се знае дека пораката не е целосна и дека има дел во кој дека СДСМ истиот ден ќе има има ЦК и дека изборот најверојатно изборот на претседател ќе биде направем следниот ден на 28.4,откри Миланов.

Тој проговори и за пораката што му ја испратил Никола Груевски на Вељановски околу 17 часот на 27 април.

Во пораката Груевски посочува дека според негови сознанија изборот на претедател ќе биде направен тој ден. Но, во тој момент пред екранот на Вељановски имало петнаесетина пријавени пратеници за збор за кои немал деловничка можност да ги прекине. Тоа го потврди и Оливер Спасовски во своето сведочење. Дури и Заев рече дека Вељановски политички коректно ја водел седницата, рече Миланов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.