Политизирањето на пописот со ангажирање на партиски лица доведе до тоа да едно од лицата уапсени за трговија со дрога во акцијата „Планина“ да биде попишувач на територија на Сарај, рече во денешната „Само вистина“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој повика на одговорност и оставка од директорот на ДЗС, Апостол Симовски. Арсовски прашува дали воопшто постои некаков филтер и дали некој гледа какви лица ќе бидат попишувачи бидејќи не смее да се дозволи лице уапсено за трговија со дрога да биде попишувач.

Ова е сериозен скандал и за ова треба да се понесе одговорност. Апостол Симовски директорот на ДЗС требаше досега да си даде оставка. Нему му беше поважно да слуша слепи насоки од страна на неговата партија како партиски војник, наместо да ја согледа реалната слика зошто треба да се одложи пописот, потенцира Арсовски.

Арсовски додаде дека главна причина за одлагање на пописот требаше да биде и состојбата со коронавирусот, која Симовски не сакаше да ја согледа иако инструктор близок до него се заразил со коронавирус.

Прва причина за одлагање е заштита на здравјето на граѓаните. Самиот призна во истава емисија дека четворица од инструкторите се заболени со корона. Од петокот досега уште еден од инструкторите кој што е во секојдневна комуникација со Симовски е позитивен на корона, значи дефакто се шири и меѓу инструкторите, нагласи Арсовски.

Тој истакна дека покрај тоа и системот има слабости бидејќи самата апликација е тотално нефункционална и беше падната само еден ден пред да биде одложен пописот

ГИС апликацијата каде што треба да се лоцира секоја една куќа и семејство не функционира и тоа е уште една слабост на апликацијата. Државни инструктори се луѓе кои не се вработени во ДЗС, туку се договорци, синови и ќерки на вработени и блиски до директорот. Пред само неколку дена 150 од попишувачите исплашени од состојбата со короната и се откажаа. Тоа се повеќе причини за одговорност и одлагање, вели Арсовски.

Во однос на петтиот сет на мерки Арсовски истакна дека власта немаше пари за и затоа не го изгласа истиот иако имаа можност да го изгласаат кога гласаа доверба на влада и доверба на Заев бидејќи имаа тогаш кворум, но не го изгласаа.

Бевме обвинети дека сме го кочеле петтиот пакет мерки помош за стопанството и тоа не е точно, затоа што тој беше најавен на 16 февруари во владата и пуштен со собрание. По две недели беше свикано Собранието да се изгласа доверба на владата и на Зоран Заев. Што значи дека тогаш имало кворум Собранието, па доколку сакал Заев можеле да го изгласаат петтиот сет на мерки, истакна Арсовски.

Арсовски вели дека е убеден сум дека немаа пари во буџетот за петтиот сет на мерки и мораа да го одлагаат одредено време, а во меѓувреме бараа изговори.

Бидејќи се обидуваа да наметнат дека опозицијата е виновна, ние самите побаравме да биде ставен само тој Закон, а не сите закони кои се само личен интерес на власта, туку само тој и да биде изгласан. Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието, има над 270 закони кои се во процедура во собраниските кулоари, од тие ВМРО-ДПМНЕ имал блокада само за 8 кои се суштински, а тие 8 се 3% од законите, потенцираше Арсовски.

Арсовски нагласи дека единствен кочничар во Собранието кој ги блокира законите е самата власт бидејќи немаат стабилно мнозинство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.