Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска ги посети Јордан и неговата мајка Ангелина од Велес кои живеат во ужасни услови и на кои итно им е потребна помош од државата.

Утринава бев во Велес. Ги посетив Јордан и неговата мајка Ангелина. Кога телефонски разговарав со Јордан, ми кажа дека неопходно им е потребен фрижидер и болјер. При нашата посета денес им доставивме и фрижидер и болјер. Понекогаш судбината знае да си поигра со нас луѓето но затоа е тука хуманоста! Благодарност до Унијата на жени од Велес кој се приклучија на посетата со донација на храна – напиша Пешевска на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.