Дали дел од судските рочишта закажани во деновите непосредно пред вториот круг од локалните избори се со цел владејачката партија да добие некакви поени кои би биле евентуален спас од катастрофален пораз, најавен по првиот круг на 17 октомври?! Деновиве во судниците постојано им се суди на поранешни фукционери од ВМРО-ДПМНЕ, се носат сведоци, за кои постои сомнеж дека се уценети, со цел да се оцрнат видни имиња од опозицијата. Целата кампања на СДСМ на овие локални избори е сконцентрирана на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Секоја вечер високите функционери од СДСМ во своите говори по неколкупати го посочуваат Груевски. Дури, сосема неетички, неморало, и трагично, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очаен по резултатите од првиот круг, го заплашува народот со Груевски. Се чини тоа наводно заплашување не му вроди со резултат. Политичкиот прогон станува јасен.

Во ног- даун по првиот круг на локалните избори Заев се назначил за претседател на изборниот штаб на Скопје и ќе го спасува СДСМ од срамен пораз. На помош секогаш е тука обвинителството и судот. Адвокатите коментираат дека темпирање рочишта е најмал проблем за луѓе кои темпираат и конституираат цели судски случаи без реални а со лажни докази, со уценети сведоци и судии кои или се заплашени и под закана или имаат верување за унапредување ако нешто изработат и постапат како што ќе се побара од власта.

Честопати досега правниците коментирале дека Лиле Стефанова е „виртуоз” за водење политички постапки против политичките неистомисленици на власта.

Речиси неверојатно е дека токму на три дена пред гласањето на вториот круг на изборите сосема случајно се погодил да сведочи бизнисменот Александар Ивановски, во јавноста познат како Алек Тера Нова, познат по тоа што на некој волшебен начин ги добива за градење најдобрите маркици за градба на згради во Скопје. Се говори дека кај него власта и обвинителството пристапиле со стап и морков за случајот “Плацеви на Водно”. Од една страна преку државните инспекции и управи влегле во инспекции и му откриле сериозни нерегуларности за да го заплашат со лежење затвор и уништување на неговата финансиска империја, а од друга страна морковот е маркиците за градба на зградите. На глава му стои и предметот Империја, па многу не се двоумел и решил што треба да испорача за ем да го остават на раат, ем да добие нешто од тоа, веројатно верувајки дека од сето тоа нема да има последици во иднина. За да не биде Ивановски осамен во сведочењето искусната за ваков вид валкани игри обвинителка и лојалист на Заев уценила уште неколкумина кои треба да дадат поткрепа на неговото сведочење кое е по истиот терк на познатиот Нинџа во предметот 27. Април- „ние пишуваме ти раскажуваш”. За разлика од Нинџа, новиот Нинџа велат дека се фалел дека подобро се испазарил но времето ќе покаже се, бидејќи многумина испазарени останаа со “кратки ракави”. Неговата задача е да тргне против неговите поранешни пријатели и другари, Орце Камчев и Сашо Мијалков, но и против Никола Груевски, со кого велат дека немал блиски релации, но за сведок што е уценет ништо не е проблем – коментираат правниците по последнито рочиште за случајот „Плацеви на Водно“.

Дел од инволвираните велат дека погодениот од поразот во првиот искрен круг Заев се надева дека оваа тема поврзана со предметот плацеви на Водно ќе му донесе политички поени. Според нив и фотографијата која одредени медиуми ја користеа за илустрација на текстовите за тоа каква куќа, наводно, сакал да гради Груевски, која беше извадена од австралиско списание не е случајна. Според нив на тој начин сакаат да создадат погрешна слика, да му наметнат погрешно мислење на народот, кое подоцна ќе го зачинат со исказот на Алек Теранова за кој се надеваат дека ќе му помогне на СДСМ во вториот круг од изборите.

Ќе добие ли некој унапредување за добросработеното?! Ќе има ли имиња кои по сето ова ќе бидат тргнати од листата на прогоност?Ќе има ли наградени со нови локации на атрактивни места за градба на апартмани?!

Но како што секогаш бива во вакви нечесни заплети и интриги, ваквите валкани планови во животот немаат среќен крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.