Помирување, која исфорсирана флоскула, коментира поранешниот функционер на СДСМ Ивор Мицковски.

Помирување драг Пендаровски, вели Мицковски, прво не може да го оствари претседател, односно може, само платонски.

Кога имаш две елити кои се борат за најчесто апсолутна власт и контрола врз бизнисот, ресурсите, парите, тогаш во ничив интерес не е помирувањето, смета Мицковски.

Според Мицковски, видовме како функционира политичкото помирување, со амнестии и тендери.

За граѓанското помирување ти се молам не се секирај, нема да се потепаме, барем не оние слободните. Граѓаните-клиенти ви требаат електризирани и поларизирани, инаку не постои интерес во јавните нешта, уште помалку реализирање на партиските интереси.

Мицковски вели дека помирување може да се случи или во диктаторски манир преку апсолутна моќ, нешто што е стапица која „допрва ве чека, па да ги соберете сите на вашиот караван“ или, се прави со длабоко инвестирање во радикална департизација, реформирање на институциите и градење длабока држава.

Сега засега, тоа не се случува и тешко дека ќе се случи. Така да, убаво збориш, ама не си во позиција да испорачаш, ни денес, ни кога било, нешто како помирување, вели Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.