Фразата мултиетнички народ не е лапусус, туку имала конкретно значење во контект на Северна Македонија. Одговарајќи на новинарско прашање премеирто во заминување Зоран Заев ја реши мистеријата дали сме разбрале или повторно не сме го разбрале што сакал да каже. Овојпат не играше на пу-пу не важи.

Македонскиот народ во Република Северна Македонија е народот на Република Северна Македонија. Тоа е мултиетнички. Составен е од Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, Срби и сите останати што живеат во неа. Затоа фразата „мултиетнички народ на Македонија, односно на Република Северна Македонија“ е изразот што што го користиме. Јас намерно го користам, зашто верувам дека сме мултиетничка земја со мултиетнички народ, а сепак сите сме македонски народ, припадници на Република Северна Македонија, рече премиерот во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.