Канцеларијата на Народниот правобранител констатирала дека Оливер Спасовски врши злоупотреба на издавањето наредби со кои се распоредуваат полицајците на работни места надвор од нив то место на живеење.

Омдусманот смета дека наредбите согласно законот можат да траат најмногу до 2 месеци,  а не по повеќе од 20 месеци во континуитет како што се случува по јуни 2017, објави Нетпрес.

По преземањето на Спасовски на челната позиција дел од припадниците на МВР за кои во СДСМ сметале дека се блиски на ВМРО-ДПМНЕ со наредба се распоредуваат во други градови.

Па така на пример се случува од Велес полицаец секој ден да оди до Македонски Брод, а од Македонски брод полицајци да бидат испраќани во Струга или Охрид.

Новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев согласно препораката од народниот правобранител ги укина сите спорни наредби на Спасовски.

Во правната служба и во Кабинетот на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски има список од околу двеста луѓе коишто биле прогласени за неподобни и секој месец им биле изготвувани наредби по член 154 со цел, при тоа им е вршено мобинг цели две и пол години, пишува порталот.

Во Шестата управа има полициски службеници коишто имаат работни места со 640 бодови, а со наредбите на Спасовски се ставени во куќарки, стои во текстот.

Исто така, според неофицијални информации, континуирано вработени биле под уцена да потпишат решение за пониско работно место, а доколку некој не сакал да потпише, со наредба од министерот бил прераспоредуван.

За тоа постојат сведоштва.

За злоупотребите со деградирањата и распределбите што Спасовски, извори од МВР за Нетпрес коментираат дека во новата систематизација во СВР Скопје немало работни места со 600 бодови, туку новата власт го вовеле тоа работно место со 600 бодови за да можат од ЕБР (единица за брзо распоредуванје) од ЕСЗ Тигар (единица за специјални задаци) и од старата АЛФА, линиски да ги направат позорникари во полициска станица.


Извор: Нетпрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.