Политичката криза и лошата економска состојба се главна причина за иселување на младите во странство. Америка, Германија и Швајцарија се државите во кои младите од Истокот ја гледаат својата иднина, Ова го покажува истражувањето на студентите од Правниот факултет при штипскиот универзитет..

„Економскиот фактор доминира апсолутно. Недоволната економска развиеност иако тој фактор се намалува. Може да забележам ако во 2014 50-60% од младите се определиле за овој фактор, сега веќе овој фактор е околу 38%, меѓутоа доминира во однос на останатите фактори. СЕ разбира овде се споменува и полтичката нестабилност и неизвестноста во државата„-изјави проф. Страшко Стојановски од Правниот Факултет при УГД-Штип.

Целна група се младите на возраст до 35години. 15% од испитаниците се решени за подобра егзистенција, засекогаш да го напуштат семејниот дом. Сепак семејството е тоа што ги предомислува да заминат..се уште останува клучна точка за нивно повторно враќање.

„Ги видовме факторите кои влијаат за младите да останат во државата. Семејството дефинитивно останува клучен фактор што ги поврзува младите со самата држава, регионот и локалната заедница„-вели проф.Страшко Стојановски.

Околу 600.000македонски граѓани живеат во странство покажувааат податоците на Светска банка и владата. Според невладините истражувачи најалармантна е состојбата во виничко-беровскиот регион каде цели села се иселени во Словенија и Италија.

Извор: ТВ Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.