Македонските политичари верни на традицијата синоќа во своите домови ја барале паричката на Бадник со своите семејства. Во семејството Пендаровски, најсреќен бил токму претседателот кај кого овојпат се паднала паричката, По многу години, како што рече самиот, бадниковата паричка се паднала и на премиерот во техничката влада, Спасовски.

Во домот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, по шест години во низа, паричката го одминала Мицкоски. Овој пат, паднала кај неговата сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.