Владата одлучи воведениот полицисли час во периодот од 22 до 5 наутро да го продолжи до 6 април.

Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, која согласно епидемиолошките анализи утврдила дека е потребно продолжување на претходно воведеното ограничување на движењето.

Властите воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.