Се носат мерки кои што се непромислени и колку да се каже дека нешто се прави за да се спречи ширењето на заразата смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој за време на своето гостување во емисијата Клил Плус на Телевизија 21 посочи дека полицискиот час е воведен без анализа и е чиста формалност која создаде метеж во градовите, а имајќи ги во предвид фотографиите на излезите од градовите каде е воведен тридневен карантин истиот ќе го акцелерира ширењето на заразата на Ковид 19.

-Јас ќе се обидам да зборувам аритметички, нема да зборувам филозофски. Кога носите мерка таа мерка треба да има некаков резултат и вие очекувате од таа мерка некаков резултат, односно да го првенирате ширењето на вирусот и да заштитите што е можно повеќе луѓе, да го заштитите здравјето на граѓаните и да се намали бројот на луѓето кои што ќе ги изгубат животите. И што се случи сега? Се ограничија неколку градови меѓу нив главниот град Скопје, сведоци бевме ние денеска на социјалните медиуми и вие претпоставувам медиумите известувавте каков метеж и каква турканица се случуваше на пазарите пред големите хипер маркет, маалските маркети. Луѓето практично создадоа еден таков метеж бидејќи вие не предведено во краток рок воведувате карантин кој што ќе трае од денес до понеделник. И сега прашањето е дали додека се случуваше овој метеж по пазарите по хипер маркетите итн. можеби не се дополнително влоши состојбата. Понатаму вие имате една сериозна група на граѓани кои што денеска го напуштија главниот град и се упатија кон другите градови ширум државата тоа значи дека ако Скопје е главното жарите, тоа многу лесно може да се разсемени по другите градови, вели Мицкоски.

Тој додава:

Има карантин во Тетово и Боговиње, во Гостивар нема. Јас само сметам дека повторно се носат непланирани мерки без доволно анализа како тие мерки практично ќе се имплементираат и сметам дека овие мерки кои тие ги донесоа под притисок практично се мерки кои што само треба да се наречат мерки инаку во пракса тие дополнително ќе го акцелираат ширењето на пандемијата и ќе допринесат дополнително да имаме проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.