Тројца инспектори од одделот за економски криминал при МВР утринава дојдоа во редакцијата на „Нетпрес“ по наредба, како што рекоа, на јавен обвинител, пренесува порталот. Од таму додаваат дека инспекторите разговорале со главниот уредник Дејан Николовски, а во врска со објавен текст за случајот со тендерот на Mакедонскиот систем за воздухопловна навигација (М-Нав) за набавка на нов систем за контрола на летање, вредна околу седум милиони евра.

„Нетпрес“ за овој случај во декември, лани, објави серија текстови поткрепени со документација. Инспекторите на МВР од главниот уредник бараа информација од каде се добиени документите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.