Полицијата од секторот за компјутерски криминал длабоко е влезена во групата на апликацијата Телеграм и одамна веќе ја фатила трагата на дел од вулгарните вознемирувачи, демначи на профили на девојки и жени на социјалните мрежи, на такви што споделуваат и реплицираат туѓи фотографии, под кои објавуваат лични податоци за жртвата и контакт со неа, објави Сакам да кажам.

Бидејќи апликацијата Телеграм има став да не соработува со владите, според информациите на порталот, полицијата користи свои методи за да влезе во мрежата, а податоците до кои доаѓала, ги проверувала кај мобилните оператори, но станува збор за долг и комплициран процес.

Обвинителството зависи од овие истражители во МВР, чека резултат веќе една година, за да може да ја продолжи истрагата по пријавата на две жртви на групата „Јавна соба“ на Телеграм.

Ваквата информација на порталот е објавена по низата критики до Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски дека цела година се дозволува злоупотреба на лични податоци на малолетни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.