„Заборавија и на полициските службеници и сите вработени во Министерството за внатрешни работи. На жените и мажите кои одлучиле животот да го посветат за нашата татковина и нашиот мирен сон“– со овие зборови им се обраќа на припадниците на полицијата кандидатката за претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова.

Оваа власт ги маргинализира. Од енормно зголемениот буџет од 3.7 милијарди евра, не одвоија ниту денар за повисока плата за нив. Не одвоија ниту од претходниот. Како што ме информираа, оваа власт не ја исполнува обврската за усогласување на платите со други сродни институции, процес кој започнал да се реализира од 2015 година. Оваа власт кажува, негира, заборава. Нашите службеници се на милост и немилост на донациите во опрема од нашите пријатели, на што искрено им благодарам. Но, ако ние не си го цениме нашето, никој нема да не цени. Време е за нов лист. Достоинството на оваа професија мора да се врати. Во мене имате искрен пријател, соговорник и пред се човек кој сериозно ќе се заземе за вашиот општествен статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.