Поради крајно лошата положба на полицијата во Македонија, полициски службеници вечерва излегоа на протест пред Министерството за внатрешни работи, организиран од Синдикатот на полицијата на Македонија, со кој го искажаа својот револт и побараа остварување на подобри услови и права во полицијата.

Професионализмот во полицијата мора да се врати, порачаа тие.

Погледнете го видеото од протестот тука.

Протестот безрезервно беше поддржан и од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) заедно со своите грански синдикати.

СПМ бара:

  • Тендер за сите видови на униформа во Полицијата,
  • СТОП за незаконските распоредувања,
  • ДОДАТОК за борбата против коронавирусот,
  • НОВ Колективен договор во МВР,
  • ПРОФЕСИОНАЛЦИ на чело во МВР,
  • СТОП за МОБИНГОТ,
  • Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ,
  • ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО во МВР,
  • СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ НА СПМ,
  • ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ПЛАТИТЕ во Полицијата,
  • Признавање на СПМ во МВР – одблокирање на ЧЛЕНАРИНА.

Тие вечерва гласно кажаа  „ПРОТЕСТИРАМ“ за:

  • Конечно да добијам УНИФОРМА,
  • Конечно да добијам достоинствена ПЛАТА,
  • За струја и вода во сите полициски станици,
  • ЗА стари и крпени униформи и опрема задолжени пред 15 и повеќе години
  • За соодветна заштита при работа,
  • За ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ конечно да бидат вреднувани,
  • За нов модерен и ЕВРОПСКИ Колективен договор во Полицијата
  • За секојдневна пресметка со неистомисленици и ПРОФЕСИОНАЛЦИ,
  • За секојдневни незаконски прераспоредувања,
  • Невладеење на правото во Министерството за внатрешни работи
  • Затоа што освен нас, се работи за нашите деца,
  • Да не дозволиме да ги изгубиме нашите деца да заминат во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.