Насловот на колумнава, почитувани читатели, ги определува двете теми за кои ќе пишувам и говори многу за реалноста денес во Македонија. Свесен сум дека оваа колумна ќе наиде на негирање од власта, на игнорирање или на објаснување дека претерувам и не е така, но за ова што пишувам ве повикувам да погледнете околу себе и самите да донесете заклучок.

Скандалот со пратеникот Павле Богоевски би сакал да го искористам само како повод да отворам една далеку поголема тема за која и претходно сум пишувал. Едноставно е – во Македонија, според она што го слушаме и гледаме, дрогата никогаш не била пораспространета, подостапна и, затоа што има многу понуда, е поевтина! Тоа го убива нашиот народ. Пред сè нашите деца! Како никогаш порано дрога, пред сè кокаин, има во средите училишта, факултетите, студентските домови и секако во се она што е ноќен живот. Ја има на улица, ја има во секој ќош околу вас. За ова не треба посебна аналитика или сознанија. Сите што излегле навечер или имаат контакт со новата генерација тоа го гледаат околу себе, за жал. Да е проблемот поголем дилерите, оние што продаваат скоро и да немаат страв и тоа го прават полујавно. Ако во минатото се криеле, сега јавно ја продаваат. Затоа што никој не ги гони и апси!

Да сме на чисто, дрога имало од секогаш во Македонија, како што ја има и во светот, но никогаш толку многу како сега. Ако во минатото во наводници најхрабрата работа што средношколците или студентите ја правеа беше да се опијат – за што добиваа добри воспитни кога ќе се вратат дома, сега е отидено неколку неславни чекори напред и се оди пред сè на кокаин, за кој родителите и не можат да им дадат воспитна зашто кога ќе забележат дека нивното дете користи, веќе е доцна. Има цел систем на алтернативен маркетинг кој не може да го видите на медиумите, но го има помеѓу младите со кој кокаинот се претставува како нешто што и не е така штетно, од што не се создава зависност и нема никакви компликации. Секако, сето ова е неточно, но така се претставува. Пишувам на оваа тема зашто сум многу загрижен каде одиме како општество и како држава, ако дрогата ни ги убива новите генерации. Основното прашање е што прави или поточно зошто ништо не прави владата на Заев да го сузбие тоа?

Целата колумна на Николоски во Независен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.