Прекин во водоснабдувањето во поголем дел од Тетово имаше денеска поради голем дефект на една од главните водоводни цевки ф-300 во мрежата на улицата „Цветан Димов“. Поради големиот дефект и течење на вода, како и дождот поплавена беше и улицата „Цветан Димов“ со што беше отежаното движењето по таа сообраќајница на која се наоѓааат и објектите на СВР Тетово и Архивот.

Оценуваме дека околу 60 отсто од градот се соочува со прекинот во водоснабдувањето. Станува збор за пукната стара салонитна цевка која и при изведувањето на работите поради дотраеност продолжи да пука по нејзината должина. Работниците почнаа со интервенција од 11: 30 часот и ќе се работи се до завршување – поправка на дефектот, односно замена на водоводната цевка. Работниците од претпријатието од работна единица „Водовод и канализација” ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, истакна раководителот на водотехничката лабораторија, Љуљзим Шаќири.

Во моментот, водоводната мрежа на градот Тетово има максимална издашност од своите извори од 400 литри вода во секунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.