Независна група на советници во Советот на Општина Битола, предводени од Габриела Илиевска, на вчерашните локални избори освоија три советнички места во битолскиот совет, за разлика од претходните локални избори, на кои „Поинаку“ освои двајца советници.

Битолчани, големо ФАЛА!
Заедно со Вас растиме од 2017 година, па наваму!
2017 година -2969 гласа 2 советници
2021 година- 4329гласа 3 советници
Нема да ја изневериме Вашата доверба!
Секогаш Ваши, Поинаку!, порачаа оттаму.

Додека довербата во независните кандидати расте, СДСМ забележаа огромен пад во гласовите за нивните советнички листи. Па така, ако на изборите во 2017 година со 26.555 гласа имаа 50,65 отсто учество во Советот во Битола, догинава тој број е драстично помал.

За советниците од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ гласаа 14.303 битолчани односно 31,30% од гласовите.

ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година добија 17.481 (33,34%) гласови за советници, а годинава имаат 16.268 гласови, односно 35,60% учество во битолскиот совет.

ЛДП/ДОМ освоија 2.430 гласа (5,32%)

Дупло повеќе гласови од минатите избори за советници во Битола добија и Левица, кои на минатите избори со 1.170 (2,23% ) не освоија советничко место, а годинава според веб-страницата на ДИК освоија 2.966 гласа (6,49%) и место во советот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.