Денеска на на муслиманските гробишта во Скопје беше погребан лидерот на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.

До вечното почивалиште дојдоа да го испратат околу 300 лица, пренесува „Слободен печат“.

Поради дождот присутните морале да ги збијат редовите, но сите носеле заштитни маски, пишува порталот.

По положувањето на телото на покојникот сите присутни се оддалечиле од гробиштата, како што е ред при погреб на муслиманските верници.

Амди Бајрам почина вчера на 64-годишна возраст. Министерството за здравство соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем било утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.